• Иван Димовски

Ракометарите на Вардар 1961 победија на гостувањето во Куманово со убедливи 18-31. Тренерот на „црвено-црните“ Владо Недановски даде шанса на сите играчи од ротацијата, па така играше и младиот Ален Ќосевски.
Сепак, младото момче нема по добро да го памети гостувањето во Куманово. Во финишот на мечот, „џинот“ од бековската линија на домашните, Вучко Мрвовиќ кој иако не е превисок, со своите 1,96 метри имаше судир со Ќосевски. Играчот на вардарци падна на земја како нокаутиран, судиите го прекинаа мечот и му беше укажана лекарска помош.
- Судирот на Ќосевски и Мрвовиќ:
Ќосевски бргу се подигна, ама и по излегувањето лежеше крај клупата со цел да се избегнат проблеми. Веројатно нема да има проблеми за младиот ракометар, но со сигурност не беше пријатен блискиот судир со корпулентниот бек на Куманово.