• Горан Упале

Екипата на Охрид во својот дом ќе ја отвори новата година во Суперлигата. Во првото пролетно коло „гладијаторите“ ќе го пречекаат тимот на Прилеп, против кого се големи фаворити за двата бода. Ален Ќосевски смета дека тимот е подготвен за овој предизвик и дека на паркетот ќе го дадат најдобриот ракомет.
„Тимот се чувствува свежо, добро се подготвивме и очекувањата се да го одиграме нашиот најдобар ракомет, вели Ќосевски.
Натпреварот ќе се одигра во салата „Билјанини извори“ со почеток во 19:00 часот. Охрид и зимава беше активен на пазарот, а најголемото засилување пристигна од Вардар – искусниот бек Вуко Борозан.
Покрај вардарците Ќосевски и Борозан во Охрид пристигна и кружниот напаѓач, Џанфранко Прибетиќ.




