Ќе успее ли Вардар да се издигне над сите проблеми и да го победи Мотор?

Европскиот и македонски ракометен првак Вардар го игра првиот домашен натпревар во Лигата на шампионите за 2020 година. Во Скопје доаѓа Мотор, а можеби првпат во историјата „црвено-црните“ не важат за апсолутни фаворити во дуел со таков ривал.

Вардарци се соочуваат со големи проблеми, поради беспарицата како и заминувањето на најдобриот ракометар Даинис Кристопанс во Фуксе Берлин. Атмосферата во тимот не е најсјајна, а победа над Мотор е повеќе од потребна.

Но, дали ќе се дојде до неа? Вардар повеќе пати покажал дека знае да се справува и во најкризните ситуации и да биде најсилен кога е најпотребно...

Ситуацијата не е сјајна и во Мотор, каде четири првотимци не допатуваа во Скопје затоа што си договараат трансфери. Украинскиот првак мора да победи ако сака да остане во можна игра за ТОП16-фаза, во спротивно ќе испадне. Резултатите не се на нивна страна, затоа што Мотор Запорожје нема победа на последните десет гостински меча.

Првиот натпревар кој се одигра во Украина заврши во корист на Вардар, кој триумфира минимално (31-30) со кам-бек во финишот. Дуелот меѓу двата тима во рамки на Лигата на шампионите се игра од 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански“.

 
Лига на шампиони (М), Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 КилКил 11 8 2 1 348:305 43 18
2 ВеспремВеспрем 11 8 0 3 364:312 52 16
3 МонпелјеМонпелје 1 11 6 1 4 302:298 4 13
4 КиелцеКиелце 1 11 5 2 4 326:308 18 12
5 ПортоПорто 11 4 2 5 310:326 -16 10
6 ВардарВардар 11 4 1 6 309:355 -46 9
7 Мешков БрестМешков Брест 1 11 3 0 8 310:336 -26 6
8 Мотор ЗапорожјеМотор Запорожје 1 11 1 2 8 330:359 -29 4