Ќе биде спектакл: Нема веќе билети за дуелот Охрид - Олимпијакос

Ракометниот клуб Охрид преку социјалните мрежи потврди дека се распродадени сите билети за утрешниот историски натпревар. 

„Гладијаторите“ ќе го дочекаат Олимпијакос во четвртфиналето на Еврпскиот куп на ЕХФ, а за овој натпревар билети повеќе - нема. Како што се најавуваше, се очекува спектакл во салата „Билјанини Извори“ во натпреварот во кој охриѓани ќе бркаат заверка на полуфиналната виза. 

Тимот на Борис Ројевиќ се врати од Атина со предност од пет гола, па треба само да ја потврди победата и на домашен терен. 

Натпреварот меѓу Охрид и Олимпијакос е на програмата во терминот од 18:00 часот.