Кизиќ: Ние сме млади, но имаме наш стил на игра и треба да го користиме тоа

Марко Кизиќ одлично ја искористи пружената шанса на натпреварот со Катар. Голманот на Алкалоид доби предност пред искусниот Митревски и беше на ниво во победата на нашата селекција од 39-34. 

Некогашниот член на Вардар и Пелистер по натпреварот изјави дека одиграа во нивни стил и смета дека победата е повеќе од заслужена. 

„Успеавме во прво полувреме да направиме разлика, тоа беше многу важно за нас. Продолживме да играме во ритам и заслужено победивме со Катар. Имавме наш стил на игра, брз, тој е исто за секој противник. Ние сме млади, треба да го користиме тоа затоа што тоа е наша предност. Како и на секој меч ја практикувавме нашата игра. Енергетски, одлично се чувствуваме. Дојдовме до важна победа, зад нас оставаме многу добри натпревари, за крај“, рече Кизиќ.

Покрај Митревски и Кизиќ на овој шампионат е повикан и младиот голман Галевски, кој се уште го чека својот деби настап.