Кизиќ: Најважни во моментов ни се бодовите со Мотор

Во име на тимот на Вардар по победата над Мотор Запорожје (44-37) говореше младиот голман Марко Кизиќ. По мечот во СЦ „Јане Сандански“, чуварот на мрежата изјави дека ова е добар триумф за тимот.

„Иако Мотор дојде во подмладен состав, даде голема борба во поголемиот дел од натпреварот. Не беше воопшто лесно да се победи, но, ете, успеавме, иако бевме и со неколку повредени играчи. Најважно во моментов ни е што победивме“, изјави Кизиќ.

Кизиќ дуелот го заврши со вкупно пет одбрани и вторпат имаше одлично издание во триумф на Вардар, по она против Мешков Брест.