• Иван Димовски

Еурофарм Пелистер не успеа да се избори за првото место, меѓутоа дојде до победа над Нексе која ги одведе на втората позиција во групата во СЕХА лигата. Со тоа битолчани го избегнаа ППД Загреб уште во четвртфиналето, па чекаат разврска на другата група за да го дознаат противникот.
„Зелено-белите“ одиграа убедливо против хрватскиот ривал, можат да жалат бидејќи во еден момент имаа и осум гола предност, што би ги одвело на првата позиција, но на крајот „се тресеше“ и тоа второ место. Нексе беше во напад за минус три, доби и пенал во последните секунди, а тогаш на сцена стапи Марко Кизиќ. Младиот голман го скроти и третиот пенал во мечот со Хрватите (изведувач беше Мославац) , со што стана битолски херој.
- Победоносната одбрана на Кизиќ:
Интервенцијата на Кизиќ беше вредна пласман на второто место, избегнување на фаворитот ППД Загреб и релативно полесен противник. Сепак, засега е нејасно кој ќе заврши на првата позиција во другата група, во игра се Вардар, Партизан и Татран Прешов.