• Мартин Танасковски

Речиси една седмица мина од натпреварот меѓу екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер кој го одбележаа и инциденти на теренот и трибините. Каспер Кисум, ракометарот на битолчани, за данската „ТВ2“ даде изјава за случувањата и раскажа низ што минал тимот за време на инцидентите во „Јане Сандански“.
„Целата работа се случи во миг, а потоа видов во ќошот дека има дваесетина навивачи кои трчаат на теренот. Тогаш сите викнаа да влегуваме во соблекувална. Беше ужасно затоа што не можевме да влеземе, вратата беше заклучена. Моравме да ја скршиме вратата за да влеземе и тоа го направивме преку една дупка. Специјалци застанаа пред нашата соблекувална, а ние само слушавме голема бука, топовски удари и вресоци. Лесно е да се зборува отпосле дека не требаше да го доиграме натпреварот. Мислам дека случувањата оставија лош впечаток на цел меч и зборувавме за тоа отпосле. Во нашата сала сум одиграл повеќе натпревари, но досега не се случил ваков инцидент“, изјави Кисум.
Реваншот меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар кој е закажан во Битола се игра на 7 мај.