• Горан Упале
Екипите на Еурофарм Пелистер и Загреб вечерва ќе го одиграат последниот овогодишен натпревар во Лигата на шампионите и со тоа ќе ја спуштат завесата од есенската полусезона во елитата.
Хрватскиот гигант гостува во Битола, а привремениот тренер Николиќ на располагање ќе има моќен тим, односно во салата „Боро Чорлевски“ ќе истрчаат тројцата екс-вардарци, Дибиров, Чупиќ и Моралес, кои знаат како е да се победи пред таква атмосфера.
На спротивната страна, пак, во таборот на пелистерци се враќа Каспер Кисум, кој поради вирус го пропушти натпреварот во Полска со Киелце.
- Составите за натпреварот Еурофарм Пелистер – Загреб:
Натпреварот меѓу македонскиот и хрватскиот шампион започнува од 18:45 часот.