• Мартин Танасковски

Најдобриот македонски ракометар, Кирил Лазаров, повторно е во тренажен процес, затоа што го победи ковид-19 и им се врати на ракометните обврски.
40-годишниот светиниколчанец беше позитивен на дуелот против Целје во Лигата на шампионите, па мораше да замине во изолација. Вирусот го мина без симптоми и проблеми, па откако минаа задолжителните 14 дена за да биде надвор од тимот, тој може да им се врати на тренинзите.
Покрај Лазаров, на располагање на Нант повторно ќе му се стави и шпанскиот ракометар Адриа Фигуерас, кој исто така беше позитивен на тестот пред Целје.
Следниот натпревар за Нант во францускиот шампионат е за време на викендот, кога тимот гостува кај Данкерк. Екипата на Лазаров по седум одиграни кола има пет победи, едно реми и еден пораз.