Кирил Лазаров е еден од позитивните на ковид-19 во Нант!?

Македонскиот ракометен репрезентативец Кирил Лазаров е еден од двајцата позитивни на ковид-19 во составот на француски Нант, пишува ракометниот медиум „20minutes.fr“, па затоа нема да се игра мечот со Целје во ЛШ.

ЕХФ соопшти дека дуелот се одложува поради два позитивни случаи, а истата информација во соопштение ја потврди и францускиот клуб. Имиња не беа откриени, но од Франција велат дека еден од позитивните играчи е македонската ракометна легенда.

Второто име кое се споменува како позитивно на ковид-19 е шпанскиот ракометар Адриа Фигуерас. Засега нема официјална потврда дали македонскиот репрезентативец е позитивен и дека наодите од Франција се точни.

ЕХФ го одложи мечот, а засега не е одреден друг термин во кој ќе се игра средбата.