• Иван Димовски
Селекторот Кирил Лазаров по ремито на Македонија со Португалците (29-29) на Европското првенство не го криеше задоволството за одиграното, но и револтот за некои спорни судиски одлуки.
<<< - ПОВРЗАНО - Лазаров: Не можам да кажам што ми е на душа, мораше да се измислува „топла вода“!
При обраќањето за јавниот сервис на „Македонската Радио Телевизија“, Лазаров дури и се пошегува со интересен коментар за Данска: „Ете шанса Данците да ни помогнат. Нека се сетат на 2012 и нека ни помогнат“.
- Коментарот на Лазаров пред камерите на МРТ:
Во последното коло, во вторник, Македонија игра против Романија, додека Данска ќе се судри со Португалија.





