• Мартин Танасковски

Македонскиот ракометар Кирил Лазаров го одигра последниот лигашки натпревар во кариерата и заврши со победа над Тулуз (32-18) во рамки на последното коло од Старлигата во Франција.
Нант го осигура второто место, а мечот од последната рунда беше не премногу значаен на резултатски план. Кирил Лазаров даде три гола на натпреварот од три обида, сите беа во второто полувреме.
Одличен кај Нант беше Балагер со осум гола, исто расположени беа и голманите - Робин фати 11, а Нилсен осум топки. Кај Тулуз, Фојхтман стрелаше шест пати во мрежата на противникот.
За Нант и Лазаров до крајот на сезоната останува уште еден натпревар, тоа е финалето во Купот на Франција.