• Саше Љолес
Јована Кипријановска даде свое видување за натпреварот во Баку, каде Македонија убедливо со 22-37 ја порази репрезентацијата на Азербејџан и избори пласман на Европското првенство.
Нашата репрезентативка смета дека тимот на почетокот тргнал со мали проблеми во играта, но на крајот победата била сосема заслужена и се радува што Македонија повторно ќе игра на континенталниот собир.
„Немавме многу време да се подготвиме за овој натпревар, но и покрај тоа ги освоивме бодовите и успеавме да бидеме фокусирани. Можеби на почетокот имавме проблеми, но успеавме да го контролираме резултатот. Многу сум среќна за оваа победа бидејќи ни донесе пласман на Европското првенство.
Ова е голем успех за нашата земја, за тимот и за мене. Се радувам што и понатаму ќе тренирам со моите колешки и ќе имам шанса да придонесам уште многу за нашата селекција. Одиме чекор по чекор, се надевам дека ќе растеме уште повеќе до стартот на Европското првенство“, рече Кипријановска.
Македонија загуби само двапати од силната Шпанија во петтата квалификациска група, но успеа да обезбеди пласман на Европското првенство со вкупно три победи, а ќе има шанса и за четврт триумф во последното коло против селекцијата на Литванија.