Кинтана е во вештачка кома, докторите се борат за неговиот живот!

Уште една трагедија го погоди ракометниот свет, откако во понеделникот искусниот чувар на мрежата на Порто, Алфредо Кинтана доживеа срцев удар среде тренинг и веднаш беше пренесен во болницата „Сао Жоао“.

Според информациите кои доаѓаат од Порто, 32-годишниот репрезентативец на Португалија се наоѓа во тешка здравствена состојба. Тој е во вештачка кома и докторите се борат за неговиот живот. Наводно, следните 24 часа се најважни, а дополнителен проблем на докторите му прави фактот што Кинтана, покрај срцевиот, имал и мозочен удар.

Поради ситуацијата со искусниот голман, Европската ракометна куќа реши да го одложи натпреварот на Порто против Мешков Брест.