Кимевски: Битката за плеј-оф продолжува, Пролет има квалитет да слави во Бутел

Тинекс Пролет не успеа да приреди изненадување на саботното гостување во Битола, каде претрпе пораз од лидерот Еурофарм Работник со 35-26. 

Наспроти најавите за борба и надигрување, мечот беше решен по само едно полувреме, во кое домаќините поведоа со десет гола разлика и потоа рутински ги одиграа вторите 30 минути.

„Убедливиот пораз е резултат на две работи - доброто издание на домаќините, но и на фактот дека ние не бевме на посакуваното ниво. Влеговме во мечот без притисок, се обидовме да се надигруваме со Еурофарм Работник, но наидовме на проблеми со агресивната одбрана на домаќините. Направивме технички грешки кои домаќините ги претворија во лесни погодоци и рано ги решија дилемите околу победникот“, изјави голманот Стефан Кимевски.

Според искусниот голман, нема време разочарување и враќање назад, бидејќи следниот викенд неговиот тим игра уште еден клучен натпревар против Бутел во борбата за плеј-оф. 

„Битката за плеј-офот продолжува, па ние сме максимално насочени кон претстојниот дуел со Бутел. Домаќините се сигурни патници во плеј-офот, бодовите за нас би биле многу значајни и ќе сториме сè што е во наша моќ за да ги освоиме. Нема да биде лесно, против нас ќе имаме тим што игра исклучително квалитетно во одбраната, можеби Бутел нема премногу играчи во ротацијата, но тренерот Котески одлично го вади максимумот од оние кои се на теренот. Очекувам неизвесен натпревар, на кој во голема битка ние би успеале да стигнеме до бодовите кои би значеле и речиси сигурен пласман на Пролет во плејофот“, заврши Кимевски.

Дуелот меѓу Тинекс и Бутел, на кој домаќин ќе бидат бутелци е закажан за в недела.