Ким Екдал Ду Риц повторно ќе игра за шведската репрезентација

Левиот бек Ким Екдал Ду Риц не престанува да ја изненадува ракометната и спортската јавност воопшто. Иако одамна се прости од дресот на националниот тим на Шведска, новата ѕвезда на ПСЖ, ќе се врати во репрезентацијата.

Ду Риц минатата година година реши да ја прекине кариерата, па по неполна сезона се врати во Рајн Некар Левен, за ова лето да се реши за нова авантура и да потпише двегодишен договор со ПСЖ.

Искусниот бек ќе му биде од голема помош на селекторот Кристјан Андерсон во наредната ЕХФ-недела, како и на Мундијалот во Германија и Данска, во јануари следната година. Заедно со него во националниот тим се враќа и некогаш најдобриот десен бек во светот, Ким Андерсон, кој своевремено го носеше дресот на Кил, а сега е член на Иштад.