Кил стои на патот на првото Супер Глоуб финале на вардарци

Големо дерби ќе донесе првото полуфинале на Супер Глоуб турнирот во Саудиска Арабија. Европскиот првак Вардар ќе се соочи со германски Кил и ќе има тешка задача да го повтори успехот од пред две години.

Дебито на Давид Писонеро вчера донесе лесна и очекувана победа над екипата на Мудхар во четвртфиналната фаза. Но, денес вардарци ќе го имаат првиот тежок испит во новата сезона. Ако првиот натпревар на турнирот беше загревање, сосема спротивно се очекува да биде денес, бидејќи бундеслигашот има голема мотивација да му се спротистави и да одигра добар меч против бранителот на тронот во Лигата на шампионите.

Кил е секогаш незгоден противник за нашиот шампион и има четири победи на шесте меѓусебни дуели. 

Меѓусебни дуели меѓу Вардар и Кил:

  • Вардар - Кил 27-28
  • Вардар - Кил 28-29
  • Кил - Вардар 39-23
  • Вардар - Кил 23-33
  • Вардар - Кил 27-26

Полуфиналето започнува во 16:20 часот, а скоро три часа подоцна, Барселона ќе се соочи со Ал-Вехда, во вториот полуфинален дуел.