• Зоран Мишевски

Денес во Дамам започна 13-тото издание на ИХФ Супер Глуб - натпреварување кое е познато како Мундијал за клубови. Ракометарите на Кил лесно си ја завршија работата и се пласираа во четвртфиналето. Во еден од дуелите од осминафиналните разигрувања, „зебрите“ на Филип Јиха лесно го победи првакот на Австралија и Океанија, Сиднеј Универзити со 41-27 (23-18).
Шареноликиот тим на победникот на ЕХФ Купот во првиот дел не блескаше, но на почетокот од второто полувреме се издвои и стигна до убедлива победа. Дамке со девет и Нилсон и Вајнхолд со по пет гола беа најефикасни во победничкиот табор. Добар натпревар одиграа и Пекелер, Рамел и Винчек со по четири погодоци.
Во австралискиот табор се истакнаа Али Медизабех со шест и Цезар Кастро и Патрик Визес со по пет гола. Во четвртфиналето ривал на Кил ќе биде првакот на Африка, Земелек од Египет.
Четвртфинале:
11:15 часот - Ал Вехда – Таубате
13:30 часот - Замалек – Кил
16:20 часот - Барселона – Ал Духаил
19:00 часот - Вардар – Ал Мудхар / Њујорк
Полуфиналните дуели се играат в четврток со почеток од 16:20 и 19:00 часот. Дуелот за третото место е закажан за в сабота од 13:30 минути, а финалето е истиот ден во 16:20 часот.