Кил прв финалист во ЕХФ Купот, „зебрите“ пресилни за Холстебро

Домашниот тим на Кил е првиот финалист во ЕХФ Купот. „Зебрите“ на Алфред Гисласон во првото полуфинале го совладаа данскиот претставник Холстебро (26-32).

Бундеслигашот одигра солидно прво полувреме во кое на крај можеше да жали што не го заврши со повисока разлика. Најзаслужен за водството на фаворитот беше разбранетиот Николас Ландин кој ја одржуваше минималната предност за својот тим која по првите 30 минути изнесуваше 14-16.

  • Извештај од натпреварот: 

Периодот во кој што Кил се одлепи и го отвори патот кон финалето се случи во првите 15 минути од второто полувреме. Резултатот 23-18 беше показател за доминацијата на германскиот прволигаш кој одигра солидна одбрана и влезе со солидни +5 во последната четвртина од мечот.

  • Потег на натпреварот: 

Миха Зарабец и Домагој Дувњак се разиграа и го водеа тимот кон лесна и рутинска завршница за конечни 

Во второто полуфинале, бранителот на титулата Фуксе Берлин ќе го одигра својот натпревар против Порто.