• Иван Димовски

Ракометарите на Кил тргнаа на патување за гостувањето во Битола кај Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите.
За германскиот клуб ова ќе биде најдалечно гостување сезонава во групната фаза. Тие со чартер лет од Кил одлетаа за унгарскиот град Ѓер. Оттаму пак, ракометарите и делегацијата ќе летаат за Охрид, а потоа автобуски ќе пристигнат во Битола.
Делегацијата на Кил се очекува во градот на конзулите во попладневните часови. Вечерва и утре ракометарите ќе одработат лесни тренинзи пред утрешната средба.
Дуелот е на програмата в среда во терминот од 18:45 часот во салата „Боро Чурлевски“.