Аларм за пожар го прекина дуелот Штутгарт - Кил, „зебрите“ подобри по продолжувањето

Бундеслигашот Кил ја оправда фаворитската улога и во рамки на редовното коло во германската елита беше подобра од Штутгарт (35-34).

Екипата на Кил на патот до победата кај Штутгарт се соочи со прекин, бидејќи во второто полувреме се огласи против пожарниот аларм. Целата сала беше евакуирана и мечот беше прекинат при резултат 22-19 за великанот.

По прекинот Кил направи серија од 5-0 и делумно резултатски се одлепи. Сепак, Штутгарт не се предаде лесно и се врати во дуелот. Иако дојдоа на гол негатива, во последните минути не издржаа и Кил се пласираше во полуфиналето. 

Најкорисен играч на средбата беше Никлас Екберг од Кил со десет голови од исто толку обиди, а кај домаќините Давид Шмид постигна седум гола. Нашиот пивотмен Пешевски одигра без грешка и запиша три гола од три обида.

Лудвигсхафен загуби во четвртфиналето на германскиот Куп од Лемго на домашен терен со 26-23. Екипата во која брани Мартин Томовски немаше сили да изненади против фаворитот и испадна од натпреварувањето. Нашиот голман мина четири минути на теренот и забележа една интервенција. 

Лемго ја контролираше играта уште од првиот дел имаше константна предност која ривалот не успеваше да ја анулира. Иако по паузата Лудвигсхафен заигра подобро и се играше гол за гол, гостите триумфираа со водството од првите 30 минути.