ВИДЕО: Кил на спектакуларен начин го пречека сребрениот Дувњак!

Сега веќе поранешниот капитенот на хрватската ракометна репрезентација Домагој Дувњак се врати во Германија, откако со Хрватска го освои сребрениот медал на Светското првенство минатата недела. 

Неговиот Кил го одигра првиот натпревар годинава, совладувајќи го Магдебург со 31-25 во дербито од 18. коло на Бундеслигата.

Иако не можеше да игра поради повреда на потколеницата, Дувњак беше во салата каде му беше приреден спектакуларен пречек. Клубот го изненади со специјален подарок во чест на новиот медал што го освои со Хрватска, а навивачите го поздравија со громогласни овации. Дочекот можете да го погледнете ТУКА.

Дувњак поради гореспоменатата повреда на потколеницата ќе биде надвор од терените најмалку уште еден месец и неговото враќање се очекува на почетокот на март.