• Саше Љолес

Германскиот ракометен гигант, Кил, би можел да има драстично намален буџет ако не обезбеди пласман во Лигата на шампионите, јавуваат тамошните медиуми. Информацијата доаѓа од претседателот на Надзорниот одбор во клубот, Марк Вајншток, кој рекол дека касата би можела да биде „покуса“ за дури еден милион евра.
„Ако не успееме да се пласираме во елитното натпреварување, можно е да останеме без 750.000 евра, а оваа сума може и да надмине еден милион евра. Мора да се потрудиме за да обезбедиме учество во елитата, во спротивно, не сум сигурен дали повторн ќе имаме силен тим догодина“, изјави Вајншток.
Кил во моментов е петтопласиран во Бундеслигата и има заостанување од дури десет бода зад Магдебург, кој го држи првото место кое води во Лигата на шампионите.