Кил моќен за Порто, Војводина пред елиминација од евро-куповите

Германскиот бундеслигаш Кил забележа домашна победа над Порто (32-22) и остана со перфектен скор во Европската лига на ЕХФ.

„Зебрите“ се на првото место, а во дуелот со Порто покажаа дека се класа над ривалот од Португалија. До високата победа домашните дојдоа во второто полувреме, откако првиот дел беше 14-12. Елефсен од Фарски острови имаше шест гола, пред Јохансон со пет реализации, додека кај Порто, Гунарсон погоди четири пати.

Француски Лимож во неизесен дуел славеше над шпанска Бидасоа Ирун (32-31) и остана во игра за првото место на табелата. Огандо даде седум гола кај победникот, а на спротивната страна одличен беше Салинас исто така со седум гола.

Српскиот првак Војводина е пред елиминација од еврокуповите затоа што дома загуби од бундеслигашот Мелсунген (29-36). Тимот на Парондо се покажа како голем залак за екипата од Нови Сад во второто полувреме. Кастенинг и Свенсон со по седум гола го водеа Мелсунген на гости, додека кај Војводина, Јовановиќ имаше шест гола.