• Саше Љолес
Ракометарите на Кил ја оправдаа фаворитската улога и славеа на гостувањето кај Порто со конечни 30-35 во мечот од третата група во главната фаза од Европската лига.
Германскиот гигант по првото полувреме имаше само два гола позитива (15-17), но во вторите триесет минути ја покажа својата сила и не дозволи никакво изненадување. Порто успеа да намали на гол негатива на стартот од вториот дел, но потоа Кил тргна во силен ритам и во неколку наврати имаше пет и шест гола позитива. Најефикасен во победничкиот состав беше Елефсен со седум голови, а на спротивната страна прво име беше Гунарсон, кој запиша два погодока помалку.
На останатите натпревари во истиот термин беа заебележани уште неколку интересни резултати. Екипата на Војводина приреди огромно изненадување и успеа да се избори за бод на гостувањето кај германскиот Мелсунген (36-36).
Лидерот во Бундеслигата беше малку шокиран од одличното издание на српскиот тим, но успеа да остане непоразен по последниот напад во натпреварот. Гранолерс славеше над Криенс со конечни 31-29, Бидасоа Ирун го надигра Лимож со 35-30, а Монпеље славеше со 30-28 во дуелот против ГОГ Гудме.