Кил го среди Целје и се врати на третото место на табелата

Германскиот бундеслигаш Кил ја оправда фаворитската улога, славеше над словенечки Целје (33-29) и се врати на третото место во групата Б од ракометната Лига на шампиони

„Зебрите“ запишаа посакуван триумф благодарение на подобрата игра од ривалот во првото полувреме. На паузата во „Шпаркасе Арена“ резултатот гласеше 19-15, па во второто полувреме двата тима беа изедначени и немаше промена на разликата на резултатот.

Екберг и Јакобсен со по пет гола беа најдобри кај Кил, пред Пекелер, Винчек и Зарабец со по четири, додека кај словенечкиот тим Мажеј даде шест, пред Начиновиќ со пет реализации.

Во последното коло Кил го чека дуел со фенерџијата ППД Загреб и важи за апсолутен фаворит, додека Целје ќе гостува кај Алборг.