Кил го совлада Веспрем и е на чекор од првото место во групата

Ракометарите на Кил триумфираа во дербито на колото против Веспрем со 29-28, во клучниот дуел за првата позиција од групата Б во Лигата на Шампионите. Гостите од Унгарија одлично парираа, но како да загубија чекор во вториот дел и паднаа во преполната „Шпаркасен Арена“. 

Почетната предност му припадна на Веспрем, кој ја контролираше во првите 15. минути. Сепак никако не успеваа да се одлепат, бидејќи Кил лесно враќаше. Играчите предводени од Филип Јиха успеаа да ја презедат резултатската контрола, но на пауза заминаа со нерешени 15-15. 

Средбата продолжи изедначено само во почетните минути од продолжението, пред Кил да влезе во серија и со 4-0 запиша највисока позитива. Веспрем парираше и се обидуваше да се врати, но Германците не ја испуштаа предноста. 

Најблизу Унгарците стигнаа на минус еден, околу 52. минута пред домаќинот одново да врати. Во финишот Веспрем се избори за драма и одново стигна на еден гол, но немаше доволно време и сили да се комплетира пресвртот. 

Најкорисен играч на Кил беше Никлас Екберг со осум погодоци, додека еден помалку постигна Пекелер. Во таборот на Веспрем по пет пати погодија Борозан и Нилсон, додека нашиот репрезентативец Манасков имаше три од четири. 

Лига на шампиони (М), Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 КилКил 11 8 2 1 348:305 43 18
2 ВеспремВеспрем 11 8 0 3 364:312 52 16
3 МонпелјеМонпелје 1 11 6 1 4 302:298 4 13
4 КиелцеКиелце 1 11 5 2 4 326:308 18 12
5 ПортоПорто 11 4 2 5 310:326 -16 10
6 ВардарВардар 11 4 1 6 309:355 -46 9
7 Мешков БрестМешков Брест 1 11 3 0 8 310:336 -26 6
8 Мотор ЗапорожјеМотор Запорожје 1 11 1 2 8 330:359 -29 4