Кил го освои Суперкупот на Германија, во Дизелдорф уживаа 2.100 гледачи

Шампионот на Германија, Кил ја отвори новата сезона во Германија со трофеј. Дуелот на најуспешните германски екипи, Кил и Флензбург за титулата од Суперкупот им припадна на „зебрите“ кои извојувгаа победа од 28-27 (14-13). Ова е десетти трофеј од Суперкупот на Германија. 

Водени од засилувањето Сагосен, но и од фантастичките крила, момците на Филип Јиха водеа во текот на целиот натпревар и не дозволија противникот да се доближи. Скандинавците Екберг и Сагосен постигнаа по седум гола, а Јакобсен беше автор на четири во победничкиот табор.

Кај Флензбург се истакнаа Мелер со пет и Сван, Сампер и Ване со по четири гола.

Натпреварот во „Дизелдорф Хале“ го следеа 2.100 гледачи.