Кил го надигра Магдебург и го освои Купот на Германијa

Главниот фаворит Кил го освои Купот на Германија во ракомет, откако во феноменален натпревар за крај на Ф4 турнирот во Хамбург го совлада Магдебург со 28-24 (14-13). „Зебрите“, кои важат за главни фаворити и за освојување на ЕХФ Купот, водеа во текот на целиот натпревар, но отпорот на „зелените“ го скршија дури во последните 10-12 минути.

Најефикасни поединци во тимот на Гисласон беа Рајнкајнд со шест и Пекелер со пет погодоци, но целиот тим, одбраната и голманите беа на висината на задачата. Дамгард со шест и Муше со четири гола беа најдобри кај поразениот Магдебург.

Кил исполни една од главните цели сезонава и со оглед на тоа што тешко може да ја освои Бундеслигата, ќе тргне по ЕХФ Купот и второто место во шампионатот.

Магдебург втора година по ред е блиску до Куп-трофејот, но не успеав да го подигне.