• Зоран Мишевски
Норвежанецот Борге Лунд официјално е назначен за нов тренер на германскиот ракометен гигант Кил за претстојната сезона 2026/27. Тој доаѓа како директна замена за Филип Јиха, кој доби отказ по седум години поминати на клупата на германскиот тим.
Лунд потпиша соработка со германскиот клуб за следните две сезони. Како поранешен ракометар, Лунд веќе настапуваше и освојуваше трофеи за Кил во својата играчка кариера. Лунде на оваа функција пристигнува по успешниот менаџерски ангажман во норвешкиот клуб Елверум.
Кил имаше лоша сезона, не го освои трофејот од Европската лига, а по долга пауза не обезбеди и место во евро-куповите преку Бундеслигата.
