Кил е освојувач на ЕХФ Купот, надигран германскиот ривал Фуксе Берлин

Екипата на Кил е новиот освојувач на ЕХФ Купот. Германскиот гигант одигра нов брилијантен меч, го надигра големиот ривал Фуксе Берлин (26-22) и за првпат во својата клупска историја се закити со трофејот од второто по ранг натпреварување на ЕХФ (во овој формат). 

  • Извештај од натпреварот: 

Германското дерби, иако се очекуваше дека ќе биде неизвесно до самиот крај, сепак израмнет ракомет се играше само на стартот од мечот, односно до 4-4, за потоа Кил носен од непогрешливиот Екберг да влезе во серија која донесе +6 на полувреме (16-10). 

  • Потег на натпреварот: 

Во вториот дел Фуксе Берлин тргна поангажирано и намали на подносливи три гола, но домаќинот брзо се созеде и се врати на пет гола позитива, на стартот од последните десет минути (22-17). Гостите од Берлин наместо да го подигнат темпото, попушти и на крај заслужено беше поразен со сигурни 26-22. Во борбата за третата позиција поуспешен беше Порто, победувајќи го Холстербо со 28-26. 

  • Одбраните на Ландин: 

Најдобри стрелци во редовите на новиот освојувач беа Екберг со седум и Вендох со пет погодоци, додека Елисон со шест гола беше прв стрелец кај Фуксе Берлин. 

Овосезонскиот ЕХФ Куп е историски за нашата држава, затоа што за првпат во историјата имаме тим кој успеал да запише победа во групна фаза. Тоа е тимот на Еурофарм Работник, кој пред во своето премиерно издание во оваа фаза извојува триумф над тимот на Нексе Нашице во Битола.