Кил без двајцата најдобри ракометари на мегдан со Вардар

Екипата на Кил замина за Скопје каде ќе се соочи со Вардар во рамки на Лигата на шампионите, а тренерот Филип Јиха нема да може да смета на двајцата најдобри ракометари.

Дел од „зебрите“ на гостувањето кај македонскиот првак нема да бидат Сандер Сагосен и Стефан Вајнхолд. Двајцата беа позитивни на ковид-19 и се уште се во карантин, така што нема да му помогнат на тимот на гостувањето.

Кил доаѓа во Скопје во лошо расположение затоа што доживеа пораз од Магдебург во Бундеслигата. На последното соочување меѓу Вардар 1961 и Кил во Скопје, „зебрите“ славеа со 20-31 во октомври 2019 година. 

Натпреварот меѓу германскиот и македонскиот шампион се игра в среда од 20:45 часот.