Кил апсолутен фаворит на домашниот Ф4 на ЕХФ Купот

Попладнево во „Шпаркасе Анрена“ во Кил почнува завршниот турнир на Купот на ЕХФ, второто по ранг натпреварување во Европа. Европа ќе добие победник и учесник на ИХФ Суперглоб, каде загарантирано место има Барселона како светски првак и победникот на Лигата на шампионите (завршниот турнир се игра на 1 и 2 јуни во Келн).

„Шпаркасен Арена“ одамна е распродадена, а меѓу четирите учесници два се бундеслигаши, па голема е веројатноста титулата да остане во Германија. Кил кој во првиот термин од 18:00 часот како фаворит ќе влезе во дуелот со Холстебро од Данска, а од 20:45 часот Фуксе Берлин ќе ги одмери силите со Порто

Полуфинале: 
Холстебро – Кил
Фуксе Берлин - Порто

Големото финале е предвидено за утре попладне, а титулата од минатата година ја брани Фуксе Берлин.

Македонија свој претставник имаше во Еурофарм Работник, кој влезе во групната фаза, но не успеа да заврши на едно од првите две место покрај Татабања, Хановер и Нексе Нашице.