Киелце започнува нова ера, „шут-карта“ за легендарниот Михал Јурецки

Полскиот ракометен гигант Келце објави дека легендата на клубот, Михал Јурецки, повеќе нема да ја извршува функцијата спортски директор. Неговиот договор истекува на крајот на август 2026 година и нема да биде продолжен.

Јурецки беше дел од управувачката структура на Кiелце речиси три години, но раководството на клубот по детална анализа на работата на спортскиот сектор одлучи да ја прекине соработката.

Од клубот соопштија дека Управниот и Надзорниот одбор, заедно со претставници на сопствениците, направиле темелна проценка на функционирањето на спортскиот сегмент и ефикасноста на досегашните активности.

Покрај заминувањето на поранешниот репрезентативец, Кiелце најави и реорганизација на спортскиот сектор со цел создавање подобри услови за остварување на амбициозните цели во домашните и европските натпреварувања.

Јурецки е едно од најголемите имиња во историјата на полскиот ракомет. По завршувањето на богатата играчка кариера, тој се пресели во раководните структури на Кiелце, каде продолжи да придонесува за клубот во нова улога.