Киелце со лесни бодови кај Мотор го отпиша Вардар од четвртото место

Ракометарите на Киелце ја оправдаа фаворитската улога и лесно триумфираа на гостувањето во Запорожје кај Мотор со 26-33, во рамките на 13. коло од Лигата на шампионите. Гостите од Полска имаа резултатска контрола во текот на целата средба и не му дозволија на домаќинот да се надева на бодови од овој дуел. 

Киелце одлично го отвори дуелот и за само десет минути веќе имаше шест позитива со 2-8. Мотор се обиде да врати, но не успеа да се приближи поблизу од четири негатива, а на полувреме заминаа со 14-19. 

Вториот дел стартуваше изедначено, со тоа што гостите константно ја зголемуваа предноста која достигна и највисоки +8. Мотор изненади и со серија од 5-0 изгледаше како да може да му наштети на големиот фаворит. Сепак, Киеле стегна заби и идентично како противникот со пет реализации без примен гол ги врати највисоките осум гола предност и стави точка нa мечот. 

Најефикасен играч на средбата беше Каралек од Киелце со седум голови, додека еден помалку постигна поранешниот вардарец Душебаев. Кај Мотор, со пет од пет најкорисен беше Артем Козакевич. 

Со оваа победа Киелце направи Вардар и математички да нема шанси да го освои четвртото место во групата.

Лига на шампиони (М), Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 КилКил 11 8 2 1 348:305 43 18
2 ВеспремВеспрем 11 8 0 3 364:312 52 16
3 МонпелјеМонпелје 1 11 6 1 4 302:298 4 13
4 КиелцеКиелце 1 11 5 2 4 326:308 18 12
5 ПортоПорто 11 4 2 5 310:326 -16 10
6 ВардарВардар 11 4 1 6 309:355 -46 9
7 Мешков БрестМешков Брест 1 11 3 0 8 310:336 -26 6
8 Мотор ЗапорожјеМотор Запорожје 1 11 1 2 8 330:359 -29 4