Киелце во шок, Алборг се избори за бод во последната стотинка од мечот!

Ракометарите на Киелце испуштија огромна шанса за втора победа во низа во Лигата на шампионите, откако ремизираа со данскиот Алборг со конечни 32-32. 

Бевме сведоци на многу неизвесен меч, во кој домаќините ниту еднаш немаа повеќе од три гола предност, а на крајот публиката виде голема драма во која гостите се изборија за бод буквално во последната секунда од мечот. 

Киелце имаше водство од 32-31 и напад за победа, но голманот Ландин го скроти обидот за лоб, а неговите соиграчи со два брзи потега успеаја да постигнат гол во последните стотинки и осигурија важен бод со кој остануваат на второто место во групата А, веднаш зад лидерот Фуксе Берлин

Душебаев и Сичко беа перфектни кај домаќинот (6/6 и 7/7), додека на спротивната страна ист учинок имаа Јул-Ласен и Јури Кнор.