• Александар Ковачев

Во последниот денешен натпревар од 11. коло на групата А, во која е и нашиот Вардар, ракометарите на Киелце на гостински терен славеа тешка победа против Кристијанштад со 33-34 и се доближија на само еден бод од тимот на Вардар, пред завршните три меча од групната фаза на Лигата на шампионите.
Од самиот почеток на мечот се играше буквално без одбрани, гостите беа тие кои го диктираа темпото и имаа предност во поголемиот дел од првиот дел, но домаќините не дозволуваа поголема негатива од -3. На одмор со минимална предност од 15-16 заминаа избраниците на Талант Душебаев.
Во вториот дел ритамот беше побрз, домаќините константно вршеа резултатски притисок, а последното израмнување беше при резултат 30-30. Во финишот Полјаците повторно го презедоа водството, кое иако беше минимално од 1-2 разлика успеаја да го сочуваат до самиот крај и да слават сигурна победа од 33-34. Лидер во победата на Киелце беше Михаил Јурецки со 12 погодоци, а кај Швеѓаните Нилсен и Гудмундсон запишаа по пет гола.
Ważne zwycięstwo w Szwecji, 12 goli Michała Jureckiego #gramyrazem #handball #Kielce pic.twitter.com/CPDG73vImR
— PGE VIVE Kielce (@kielcehandball) February 9, 2019
Во следното коло Кристијанштад ќе игра на гости против Барселона, додека Киелце ќе го пречека тимот на Монпелје.