Киелце со екстра проблем доаѓа на гости кај Вардар

Полски Киелце е следниот ривал на Вардар во Лигата на шампионите, а тренерот Талант Душебаев доби лоши вести пред заминувањето за Скопје затоа што загуби еден од важните играчи во ростерот.

На дуелот со Вардар нема да може да помогне Аркадиус Морито. Десното крило кој е репрезентативец на Полска се повреди и нема да биде дел од екипата која ќе допатува во СЦ „Јане Сандански“ да го игра дербито на колото.

Морито оваа сезона во Лигата на шампионите постигна вкупно 19 гола – на Веспрем и Мешков Брест им даде по четири, со Порто, Кил и Мотор Запорожје стрелаше трипати, a против Монпелје постигна два погодока.

Дополнителен проблем за тимот е и одложениот лет од Виена, поради кој Киелце ќе мора да бара алтернатива да стигне до Скопје и ќе го одложи попладневниот тренинг.

Лига на шампиони (М), Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 КилКил 9 6 2 1 281:250 31 14
2 МонпелјеМонпелје 8 5 1 2 223:214 9 11
3 ВеспремВеспрем 8 5 0 3 267:235 32 10
4 КиелцеКиелце 8 4 2 2 248:231 17 10
5 ВардарВардар 8 4 1 3 235:252 -17 9
6 ПортоПорто 8 3 2 3 230:240 -10 8
7 Мотор ЗапорожјеМотор Запорожје 1 9 0 2 7 264:294 -30 2
8 Мешков БрестМешков Брест 1 8 1 0 7 219:251 -32 2