Киелце со експлозивна игра го исфрли Веспрем и се пласира на Ф4

Ракометарите на Киелце „експлодираа“ во четвртфиналниот реванш од Лигата на шампионите и славеа над Веспрем со резултат 31-27. Полјаците беа апсолутно подобар ривал и сосема заслужено се пласираат на „фајнал-фор“ турнирот во Келн.

Тимот на Талант Душебаев наметна силнен ритам уште во првите триесет минути. Веспрем водеше само еднаш со резултат 1-0, а потоа Киелце ги презема работите во свои раце и само ја зголемуваше разликата која варираше во текот на полувремето. На крајот од првиот дел полскиот тим водеше со шест голови разлика (18-12). Симон Сичко и Алекс Душебаев беа во елемент кај Киелце и го водеа нападот на домаќините. 

Второто полувреме донесе во голема мера израмнета игра, Веспрем се обидуваше со сите сили да се врати во игра, но домашните ракометари беа едноставно незапирливи. Киелце имаше предност и од осум голови разлика, 28-20 и 31-23 и веќе беше јасно дека Унгарците повеќе немаат што да бараат на овој натпревар.

Полјаците умешно го затворија натпреварот со конечни 31-27 и заслужено патуваат на завршниот турнир во Келн. Најефикасни играчи кај побединчкиот состав беа Душебаев и Сичко со по шест голови.