Киелце потврди дека остана без уште еден главен спонзор

Полскиот шампион Киелце им соопшти нови лоши вести на своите фанови. Од 1 август, екипата ќе остане и без вториот најголем спонзор.

Се работи за „PGE Capital“ кој важи за најголемото претпријатие во енергетскиот сектор во Полска во однос на приходите и остварената добивка. Тоа значи дека градот и неколку локални компании ќе останaт главни извори на приходи за европскиот гигант додека не се пронајде ново решение.

Претходно се откажа и „VIVE“ поради кризата предизвикана од пандемијата. Во тие моменти постоењето на клубот беше доведено во прашање.

Претседателот Бертус Сервас пред еден месец имаше состанок со градоначалникот на Киелце откри дека досега се собрани 100.000 евра од донации, а наскоро ќе биде претставен и новиот спонзор.