Киелце подготвува „монструозна“ понуда за Готфридсон

Џим

Шведскиот репрезентативец Џим Готфридсон го привлекува вниманието на полскиот гигант Киелце.

Според последните шпекулации, тимот предводен од Талант Душебаев подготвил богата понуда за еден од најдобрите организатори на игра на светот. Наводно, Швеѓанецот ќе добие 50% повисока плата од онаа што моментално ја добива од Флензбург.

Киелце му нуди 27.000 евра месечно, што е повеќе од сегашните 19.000 кои ги инкасира во дресот на бундеслигашот.

29-годишникот долго време ги брани боите за германскиот гигант. Од 2013 година се пресели во Бундеслигата, а претходно беше дел од Истадс.