Киелце одигра и за Вардар, Мешков Брест не знаеше како да го совлада Волф

Ракометарите на Киелце потешко од очекуваното славеа против Мешков Брест со 30-24 во дуелот од десеттото коло на Лигата на шампионите.

Екипата од Белорусија мотивирана од високата победа против Вардар, одлично му парираше на фаворитот во текот на целиот натпревар. Сепак, Андреас Волф блесна и со речиси 50% одбранети удари го реши прашањето за победникот. Киелце со оваа победа се израмни по бројот на бодови на втората позиција со Веспрем, кој утре гостува во СЦ „Јане Сандански". 

Иако Киелце поведе на стартот, гостите од Брест направија мини серија и поведоа со три гола разлика. Сепак, Волф не му дозволи на противникот да направи поголема предност, а полскиот тим се врати по серија интервенции. На полувреме резултатот гласеше 12-11 за домаќините, а Волф во првите 30 минути собра осум интервенции.

По паузата двете екипи продолжија изедначено и се играше гол за гол. Дури по 45. минута Киелце направи мини предност од три гола разлика, но Мешков не се откажуваше. Домаќините го добија дуелот по серија грешки на гостите од Брест, достигнувајќи и разлика од пет голови.  

Андреас Волф беше клучната фигура во победата со 16 интервенции, а најпрецизен беше Блаж Јанц со седум голови од исто толку удари. Кај Мешков повторно најдобар беше Вилијам Акамбре со шест голови. 

Во рамките на групата Д, Чеховски Медведи го совлада швајцарскиот првак Кадети Шафхаузен со 29-27.

Лига на шампиони (М), Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 КилКил 11 8 2 1 348:305 43 18
2 ВеспремВеспрем 11 8 0 3 364:312 52 16
3 МонпелјеМонпелје 1 11 6 1 4 302:298 4 13
4 КиелцеКиелце 1 11 5 2 4 326:308 18 12
5 ПортоПорто 11 4 2 5 310:326 -16 10
6 ВардарВардар 11 4 1 6 309:355 -46 9
7 Мешков БрестМешков Брест 1 11 3 0 8 310:336 -26 6
8 Мотор ЗапорожјеМотор Запорожје 1 11 1 2 8 330:359 -29 4