Киелце не се ни испоти за победа над Кристијанштад

Европскиот првак Киелце ја забележа и втората победа во групната фаза на Лигата на шампионите во ракомет, откако пред свооте гледачи лесно го совлада тимот на Кристијанштад од Шведска со 28-28 (18-13).

Момците на Талант Душебаев не дозволија изненадување и целосно го надиграа тимот од Скандинавија. Посебно расположени во полскиот табор беа Биелецки и Пачковски со по 7 гола. Во поразениот состав на Кристијанштад се истакнаа Хенингсон со 6 и Толбринг со 5 гола.

Киелце и Кристијанштад се дел од групата на Вардар, кој својот меч го игра попладнево во Скопје против Мешков Брест од Белорусија.