Киелце лесно го преслуша ГОГ Гудме и закажа четвртфинале со Магдебург

Ракометарите на Киелце без поголеми проблеми ја оправдаа фаворитската улога и вторпат славеа против екипата на ГОГ Гудме Хандбол во осминафиналето од Лигата на шампионите, овој пат со конечни 33-28. 

Полскиот тим уште на полувремето имаше предност од четири гола (16-12), а до крајот само рутински ја заврши работата и заслужено се најде меѓу осумте најдобри во елитата. ГОГ Гудме се обидуваше малку да го поправи впечатокот, но не успеа против силниот ривал и мораше да го „положи оружјето“ во ТОП-16 фазата. 

Повторно најефикасен во редовите на Киелце беше Алекс Душебаев со седум голови, додека кај ГОГ Гудме еден гол помалку постигна Арон Менсинг. Во четвртфиналето Киелце ќе ги одмери силите со германскиот гигант, Магдебург