ФОТО: Киелце ќе мора да плати 15.000 евра за навредите кон Дибиров

Екипата на Киелце доби санкција за инцидентот од дуелот со Вардар на 16 ноември, кога фановите на овој тим изнесоа навредлив транспарент кон Тимур Дибиров. 

<<< - ПОВРЗАНО - ФОТО: „Дибиров, е*и се“ – фановите на Киелце со тешка навреда за вардаровиот ас!

По долгата расправија и исчекување на одлуката, дисциплинската комисија на ЕХФ одлучи дека полскиот тим ќе мора да плати парична казна од 15.000 евра. Сепак, истата ќе се преполови и ќе изнесува 7.000 доколку во наредните две години не се повтори инцидентот. 

Во соопштението на ЕХФ е нагласено дека меѓу двата клуба има историја на вакви настани, па доколку се повторат казните би биле многу поригорозни. 

Инаку препукувањата на фановите започнаа кога во СЦ „Јане Сандански“ минатата сезона, кога дел од фановите на Вардар имаа навреди до Талант Душебаев, а клубот доби идентична казна. 

Лига на шампиони (М), Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 КилКил 11 8 2 1 348:305 43 18
2 ВеспремВеспрем 11 8 0 3 364:312 52 16
3 МонпелјеМонпелје 1 11 6 1 4 302:298 4 13
4 КиелцеКиелце 1 11 5 2 4 326:308 18 12
5 ПортоПорто 11 4 2 5 310:326 -16 10
6 ВардарВардар 11 4 1 6 309:355 -46 9
7 Мешков БрестМешков Брест 1 11 3 0 8 310:336 -26 6
8 Мотор ЗапорожјеМотор Запорожје 1 11 1 2 8 330:359 -29 4