Киелце ќе ја заврши сезоната со ѕвезден тим, но иднината останува матна

Полски Киелце остана без главниот спонзор и тоа отвори потешкотии на функционирањето, затоа што се има буџет само за до крајот на актуелната сезона.

Ѕвездите и тренерот Талант Душебаев веќе имаат многу понуди на своја адреса. Клубот денес имаше состанок на кој се разговараше за иднината на екипата, а и на кој се донесоа повеќе одлуки.

Како што информираат од полскиот клуб, по анализа на сите сценарија, Киелце ќе ја заврши актуелната 2022/23 сезона во овој состав и ќе игра во еврокуповите. Информации за иднината и за учеството на екипата во 2023/24 ќе има пред крајот на март.

Токму во месец март ќе биде појасна структурата на буџетот на екипата и можностите на клубот за функционирање. Од Киелце сметаат на помош од градот, раководителите, како и од спонзорите со кои се разговара да се продолжи соработката и понатаму.