Киелце ќе ја предизвика Барса во обид да го преземе европскиот трон

Киелце и Барселона беа победници на полуфиналните пресметки против Веспрем и Кил, па сосема заслужено ќе играат за трофејот на завршниот турнир во Лигата на шампионите. Полскиот тим предводен од шпанскиот стратег Талант Душебаев, ќе ја предизвика Барселона во обид да го преземе европскиот трон. 

Иако шпанскиот колектив е поискусен, можеби во подобра форма и моментум, последниот пораз го впиша токму против Киелце. Всушност, денешниот ривал е еден од трите клуба (тука се уште Веспрем и Магдебург), кои ја победија Барса во оваа сезона. Душебаев двапати успеа да го надмудри Ортега, па поради тоа Киелце заврши пред Барселона во групната фаза на елитното натпреварување. 

Сепак, факт е дека ништо нема да биде исто. Сега, на големата сцена Барса знае дека нема право на грешка, Киелце не е воопшто наивен ривал, па и покрај тоа што му се даваат помали шанси, јасно е дека ќе се полскиот тим ќе се бори до крај. Барселона не е непобедлива, тоа добро го знае Душебаев, а искусниот стратег ќе мора да извади нов ас од ракавот за пак да го надмудри Ортега на спротивната страна. 

Финалниот натпревар е закажан од 18:00 часот, додека во терминот од 15:15 ќе се судрат Кил и Веспрем за бронзата.