• Сашо Поповски

Драматичното дерби во полското првенство меѓу Висла Плок и Киелце заврши без победник (20-20). Натпреварот во 26. коло донесе жестока борба и дури четири црвени картони.
Почетокот донесе големи тензии, бидејќи Терзиќ беше исклучен уште по само 35 секунди игра, по грубиот старт врз Душебаев. Домашните ракометари подобро отворија и одржуваа предност, со која заминаа на пауза (12-10).
Следуваше одговор од тимот на Талант Душебаев. Одбраната на гостите беше причина за прво водство по подолго време на десет минути до крајот. Се играше во егал до самиот крај, а Косоротов промаши во последниот напад за победа на Висла. Киелце ја запиша 11-та титула во низа во домашниот шампионат, со што ја продолжи доминацијата.
Андреас Волф доминираше на голот на гостинскиот тим со 20 одбрани, од кои шест од седум метри.