Киелце го претстави Карачиќ, Хрватот пристигна по седум години во Вардар

Игор Карачиќ

Хрватскиот репрезентативец Игор Карачиќ денес официјално беше претставен како нов член на полски Киелце.

По седум сезони и две европски титули во Вардар, 30-годишникот најави дека е подготвен за нов предизвик во полскиот првак.

„Секогаш сакам да играм за најдобриот тренер и играчи. Порано соработував со Алекс и Лука во Вардар. Мило ми е што сум дел од еден од најдобрите европски клубови.

Подготвен сум за ова ново искуство. Поминав седум прекрасни години во Вардар. Тука имам договор за три сезони и најверојатно нема да се задржам подолго. Најмногу поради мојата возраст. Не сакам многу трансфери, но што е тука е“, рече Хрватот.

Карачиќ го помина најголемиот дел од кариерата во Македонија, а истата ја започна во Зрињски од Мостар.

Со оглед на тоа што заминувањето на Циндриќ во Барселона е готова работа, се чини дека неговиот сонародник Карачиќ ќе биде негова замена во таборот на европскиот првак пред пет сезони. 

Киелце заврши на четвртопласиран во Лигата на шампионите во сеозната која штотуку заврши, а овои и двојна круна со трофеи во полскиот шампионат и Куп